Водици Охрид 2019 низ фотографии


2.6k Споделувања

Традиционално во Охрид денеска се одбележа големиот празник Богојавление – Водици со фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро. Празникот започна со сончево и потопло утро за разлика од изминатите денови погодно за стотина верници кои се фрлија по крстот во Охридското езеро, од кои најбрз беше Иван Лотески.

Охрид денеска беше посетен од домашни и странски туристи кои го почитуваат овој празник и го сакаат градот, и важно е оваа традиција да се негува и да расте од година во година.

Тимот на 2С Студио/Livestream.mk за сите кои не можеа да присуствуваат во Охрид обезбеди директен видео пренос на Youtube и Facebook. Снимката може да ја погледнете тука:

Н.Д.
Фото: Бирачоски Димитар / 2С Студио


Споделете со вашите пријатели!

2.6k Споделувања