Среќен роденден Дедо Димо – етно ресторан (фото)


231 Споделувања

Eтно ресторан ДЕДО ДИМО синоќа го прослави својот прв роденден.

Во пријатен амбиент во снежната Куратица каде темпeратурата беше 10 степени под нула многубројните гости уште еднаш се уверија дека на едно место можат да најдат топол амбиент, извонредно вкусна храна со многу домашни специјалитети како и домаќински пречек и љубезност на газдите и персоналот зачинет со традиционална македонска музика.
Етно ресторан Дедо Димо во Куратица важи за една успешна приказна во руралниот туризам каде изминатата година бележи голем подем во интересот на странски, како и домашни туристи да ги запознааат планинските убавини во околината на Охрид и Македонија. Дедо Димо во склоп на понудата освен традиционалната македонска храна нуди и прошетки низ Плаќенска планина.

Низ слики ви пренесуваме дел од амбиентот во етно ресторан Дедо Димо

Фотографија од снежна Куратица од дрон:

Локација:

М.Н.
Фото: Стојан Стојановски 2С


Споделете со вашите пријатели!

231 Споделувања