Видео: Како изгледа Охридското Eзеро на 53 метри длабочина


Охридското Eзеро е најбогатото езеро со жив свет, а тоа го потврдија научниците од Геолошкиот Институт при Универзитетот во Келн и Биолозите во Гисен од Германија. Најстаро во Европа, проѕирноста му е како во најчистите мориња, а длабоко е скоро 300метри.

Љупчо Лепи кој го снимил видеото ни раскажа: Од кога знам за себе сакав да знам до која длабина е видливо во Охридско Езеро. Еден ден се решив тоа и да го направам. Ја зедов мојата акциона камера со која може да се снима до длабина од 60метри. Покрај камерата зедов и Сонар за да ја знам длабината на која снимам, излегов со кајчето и ја спуштив. Резултатот може да го видите на видеото кое го објавив на мојот јутуб канал.


Споделете со вашите пријатели!