Видео livestream: Феноменот на небото, Јупитер и Сатурн во живо од Галичник


Стојан Стојановски од Галичник на 22 декември успеа барем за момент да го долови феноменот на небото т.е. Јупитер и Сатурн кои беа најблиску на небото во последните 800 години. И покрај тоа што неколку дена по ред над Македонија беше облачно, а по котлините и магла, сепак над 30 000 гледачи имаа шанса да уживаат во оваа глетка, виртуелно.

Тој за своите фанови на фејсбук мрежата пренесуваше во живо половина час, па може да ја погледнете снимката од преносот во живо:

Небесната синхронизација започна уште летото со тоа што Јупитер и Сатурн почнаа да се движат еден кон друг на небото при што во периодот меѓу 16ти и 25ти декември ќе бидат раздвоени само една петтина од дијаметарот на полна месечина.

Иако секако планетите нема воопшто да бидат физички близу една до друга, на ноќното небо ќе изгледаат како една светла точка. „Подредувањата меѓу овие две планети се ретки, и се случуваат еднаш на отприлика 20 години. Оваа конјункција е исклучително ретка поради тоа колку близу ќе изгледаат планетите една до друга.“ вели астрономот Патрик Хартиган од универзитетот Рајс.


Споделете со вашите пријатели!