Спорт

Викендов во Охрид меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019”

Викендов, сабота 22 јуни 2019, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид организира меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019”, каде своето учество го имаат најавено клубови од Бугарија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Австрија и Македонија.

-На овој турнир очекуваме од 200- 250 натпреварувачи, а бидејќи долги години немаме организирано ваков турнир се надеваме дека нема да има повеќе натпреварувачи, за да можеме да го организираме овој турнир во најдобар ред, и да се покажеме како добри организатори. Искуството во организирање на вакви турнири не е на наша страна, но благодарение на нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ” кој ни има овозможено да учествуваме на вакви турнири, мислам дека ќе го организираме на солидно ниво. Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески. Судењето на турнирот ќе биде електронско под водство на Вергилиј Ситнилскии носител на црн појас VI дан, генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, потпретседател на судиската комисија за југоисточна Европа. Исто така борбите ќе одат во живо благодарение на Стојан Стојановски и неговиот тим од сервисот Livestream.mk, кој ќе им овозможи на сите наши обожаватели да можат да не гледаат од дома во живо, изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на клубот , а воедно и на Македонскта ИТФ, носител на црн појас V дан, светски вицешампион од Прага’96.

Лазаревски воедно користи прилика да изрази најголема благодарност да генералниот спонзор на клубот „ПН МЕТАЛ” и голема благодарност до општина Охрид за нивната подршка на овој настан.

Линк за следење на борбите кој ќе биде достапен во сабота: www.openohrid2019.livestream.mk

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред