Вистински спектакал од метеори на небото можно е да се случи вечерва


Годишните метеорски дождови како што се персеидите во август и гемидите во декември обично имаат од 60 до 120 метеори на час и се ставаат на листата на најдобри шоуа секоја година, додека во повеќето години од Алфа моноцеротидите како метеорски дожд може да видиме малку а и некогаш ништо. Но, во четири наврати: 1925, 1935, 1985 и 1995 година, набљудувачите биле изненадени од краткотрајниот рафал од метеори што потекнува од правецот на соѕвездието Моноцерос, Еднорогот ноќта на 21-22 ноември.

Во 1995 година метеорскиот настан беше однапред најавен каде многумина кои излегоја да го набуљдуваат имале можност да видат 5-6 метеори во минута или повеќе од 300 метеори на час. Многумина настанот го пренесоја и како бура од метеори на небото.

Деновиве Питер Џенискенс, постар научник за истражување на Институтот СЕТИ и Центарот за истражување на Амес на НАСА заедно со Еско Литинен од финската метеорска мрежа, најавија во краток технички труд дека околностите се одлични за повторно да се појави овој перформанс четврток вечер, со мала шанса дека ројот од метеори може да се претвори во вистинска бура. Оваа изјава ги крена на нозе сите љубители на вакви настани особено во САД и Канада каде се дебатира на оваа тема и се спомнуваат бројки и до 1000 метеори на час.

Вистинскиот спетакал доколку се случи е најавен околу 5 часот утрото по македонско време ноќта на 21-22 Ноември.

Извор: Space.com

Охридско Астрономско Друштво

 


Споделете со вашите пријатели!