Култура

Во Вторник 22-то издание на карневалот под маски во Куратица

Жителите на охридското село Куратица и годинава 22 пат славата на селото по повод празникот Свети Василиј Велики ќе го одбележат со голем карневал под маски. Курајчани се подготвени да ги пречекаат сите заинтересирани за нивната веќе традиционална веселба.

Според веќе воспоставената практика, карневалска програма и овојпат почнува на 13 јануари во 18 часот со поаѓање на василичарската поворка од пред васличарскиот оган до сите домаќинства во селото, што трае во текот на целата ноќ до раните утрински часови.

Централниот настан на манифестацијата е на 14 јануари од 19 часот, додека самата парада на макскираните василичари е предвидена за 20:30 часот. Вечерта ќе биде збогатена со забавна музичка програма, додека во 22:30 часот е предвидено прогласување на најуспешните маски, и тоа во две категории, за деца и возрасни. Веселбата со уметниците Влатко Миладиноски, Златко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски со огномет ќе трае до раните утрински часови.
За централниот настап  Стојан Стојановски обезбеди видео пренос во живо кој ќе се емитува на фан страната од Куратица, ЈуТуб каналот 2С Студио и на ИНТВ телевизија (која се емитува во Австралија, Европа и Америка.)

Жителите на Куратица велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година.

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред