Жељко Самарџиќ најавува вистинско уживање во Ресторан Острово, Св Наум


Со почеток од 21:30 часот во сабота на 17 Август 2019 година еден од најголемите балкански романтичари, извонредниот Жељко Самарџиќ кој со своите песни знае да допре до срцата на сите генерации, најавува одлична гала вечер во Ресторан Острово. Локацијата е исто така романтична во склад со неговиот романтичен карактер – изворите на Црн Дрим и прекрасната природа. Фановите ќе уживаат во препознатливите “Грлица”, “Покажи ми шта знаш”, “Безобразно зелене”, “Љубавник”, “Девет хилјада” и многу други постари и понови хит песни.

Местата се ограничени а доколку сакате да уживате во настапот може да направите резервација на следниот број: 071 309 555

После завршувањето на Željko Samardžić уживајте во вечерта со групата Броз.

 

 

 


Споделете со вашите пријатели!