Затемнување на Месечината во живо од Охрид


Затемнувањето на месечината траеше час и 40 тина минути, започнувајќи од 21 часот и 30 минути па се до 23 часоти 15 минути.
Охридското астрономско друштво за сите кои не можат да го гледаат овозможи Видео Пренос во живо.

Ова целосно затемнување на месечината е најдолгото во овој век. Следно вака долго навлегување на месечината во сенката на земјата треба да се случи за 105 години односно никој сега жив нема да го дочека 9 јули 2123 година за повторно да се види тој спектаткл кој го приредува природата менувајки ги боите на месечината од портокалова преку кафена до темно црвена кога целосно ќе се скрие во сенката на земјата.

Целосното затемнување на месечината можеше да се види од цела Европа голем дел од Азија, Русија, Африка, Блискиот Исток и Австралија.

Следното сепак делумно затемнување на месечината е 21 јануари но за гледање поатрактивно треба да биде на 21 јули 2019.


Споделете со вашите пријатели!