За прв пат во историјата направена фотографија од Црна Дупка


Астрономите за прв пат успеја да ја направат фотографија од Црна Дупка, која се наоѓа во далечна галаксија наречена м87.

Се претпоставува дека е голема 40 милијарди километри т.е. три милиони пати поголема од големината на Земјата а научниците ја опишаа како “чудовиште”.
Црната дупка е 500 милиони трилиони километри оддалечена и е фотографирана од осум телескопи сврзани во мрежа низ целиот свет. Фотографијата која ја гледаме во моментов е светлина на која и требале 55 милиони години да стигне до земјата.
Видео од Прес Конференцијата:

Црните дупки се скоро невидливи поради негативното влијание на светлината, па научниците се фокусираат на нејзиното опкружување, поточно на светлината и материјата во нејзината најблиска орбита. Хоризонтот на настани е сферата која ја опкружува црната дупка од која не може да излезе ниту светлина, ниту материја.

Фото/Видео: Event Horizon Telescope
Охридско Астрономско Друштво
Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!