Видео

За прв пат прошетајте 360 покрај кејот на Охридското Езеро со видео од 8К резолуција

За сите кои не се во можност да го посетат Охрид и уживаат во неговите убавини во зима, 2С Студио и Сцена донираа изработка на 11 минутна високо квалитетна 8К 360 виртуелна прошeтка со 360 аудио за прв пат од кејот на Охридското Езеро.

Користење на ваквите технологии во светот е тренд последните години, а со корона кризата бидејќи патувањето и туризмот се во стагнирање, изработката на виртуелните тури е во подем и се добредојдени во дигиталниот свет.

Оваа е трето видео од ваков тип во Македонија, првите две 2С и Сцена ги направија во Зович, Мариово, исто така самоиницијативно.

Доколку имате некакви предлози или сакате да помогнете да повеќе локации од Македонија бидат достапни во виртуелниот свет, може да го контактирате Стојан Стојановски на stojan(at)2sstudio.info

За крај, 2С Студио е првата компанија во Македонија која кон крајот на 2015 година доби сертификат од Google Street View т.е. а со тоа понуди секој локален бизнис да има можност да ги контактира за фотографирање на 360 прошетки и поставување на светската мрежа на Google Maps. Овој тип на промоција е доста популарен претежно во туризам маркетингот низ целиот свет.


Од тогаш до денес со понудата на 12К висококвалитетна 360 фотографија, прошетките со својот квалитет се рангираат сеуште високо.

Пред се низ годините од страна на 2С се изработени т.е. донирани за помош на туризмот повеќе вакви прошетки на јавни места или места од интерес во Македонија, како на пример 360 од Самоиловата тврдина која брои над милион прегледи, Бигорскиот Манастир итн…

Охрид Инфо / Сцена / 2С Студио /

 

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред