Куратица ја отвори зимската сезона


По обилните врнежи на снег во минатите денови сончевото време денеска го означи стартот на зимската сезона 2019 во Куратица со снежна покривка од 80 сантиметри.


Селото Куратица со природата која ја поседува е лидер во активностите за етно туризмот, но исто така е познато и по тоа што е единственото село во Охридскиот регион кое располага со ратрак и кое го форсира зимскиот туризам во регионот.

Етно туризмот за време на зимскиот период го сврзува и со организирање на снежни прошетки и активности во околината на Куратица се до Плаќенска планина каде слободното возење на ски и снуборд зема се поголем замав и интерес.

Горан Ангелоски ни изјави дека на влезот во селото веќе се работи на расчистување и обележување на ски патеката на која може да уживаат рекреативците на зимските спортови.

После активностите на снегот секој посетител може да ужива во топол амбиент зачинет со традиционална храна од ресторанот Дедо Димо кој се наоѓа во центарот на селото.

Како надополнение на 14 Јануари во Понеделник се одржува и 21то издание на Курајчкиот Василичарски Карневал.

Б.П.

Фото: Горан Ангелоски


Споделете со вашите пријатели!