Метеор на Галичица во топ 100 Space фотографии во светот!


Метеор-Персеид на Галичица се најде во 100 топ фотографии во 2018 кои ги избра најчитаниот светскиот портал за Астрономија www.space.com

Метеорот е фотографиран на 13 Август 2018 од страна на познатиот фотограф Стојан Стојановски кој заедно со членовите на Охридското астрономско друштво Кристијан Ѓоревски и Влади Марковиќ кои редовно секоја година ги следат овие астрономски појави.

Како што изјави Стојан фотографијата е направена утрото во 3 часот на 13ти Август некаде во средината на Национален Парк Галичица близу локва полна со вода. Метеорот имал поголем облесок, а прашината од согорувањето на метеорот била видлива скоро 5 минути на небото.

Фотографиите на Стојан Стојановски од Астрономските појави фотографирани во околината на Охрид веќе 13 години редовно се превземани од светски познатите медиуми како Space.com, Cnn.com, Nbc и други.

Видео секвенца од фотографии пред и по метеорот

 


Споделете со вашите пријатели!