Метео анализа за Охрид од Октомври 2019 и споредба со 2018 – метео станица Куба Либре


Веќе трета недела Охрид ужива во топлото и сончево време со повисоки температури од нормалата за овој период. Затоа тимот на Охрид Инфо направи детална анализа и споредба со минатата година (2018) т.е. колкава е температурната разлика во овој перод.

Податоците се за период  7 октомври до 24 октомври.

Податоците се извадени од метео станицата во Куба Либре, како дел од првиот и единствен онлајн систем во Македонија со Камера, Метео и останати информации во живо. Системот функционира повеќе од 1 година и е изработен по иницијатива на Стојан Стојановки со помош на Куба Либре.

Вториот ваков систем е поставен во Св. Наум и ставен во функција од јули 2019.

Според алгоритмот на метео станицата во Куба Либре до 30 октомври не очекува топло и сончево време, каде од 31 октомври е најавено намалување на температурите и дожд.

Следете во живо видео и метео од Охрид и Св. Наум на веб страната од Куба Либре: www.cubalibre.mk

Метео и камера во живо: Охрид


Метео и камера во живо: Св. Наум

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!