Надограден системот во живо од Куба Либре со информација за квалитет на воздухот


Системот Камера и Метео во живо кој беше поставен на 18 март 2018 год. во Куба Либре за прв пат во Охрид, од денеска е надограден со систем за мерење на пм10 и пм2.5 честички во воздухот.

Информациите ќе бидат достапни за сите на следната веб страна т.е. на камерата во живо 24/7/365  https://cubalibre.ohridinfo.com/


На видеото од камерата во живо ќе може да добиете информации кои се ажурираат во реално време за температурата, брзината на ветерот и количината на пм10 и пм2.5 честички во воздухот во Охрид.

Сите овие информации се мерат преку системот кој е поставен во Куба Либре, а 2С Студио го имплементираше во еден екран во живо на подстраницата Куба Либре, во склоп на Охрид Инфо.

Овој проект го реализираше 2С Студио / С.С. со помош на Куба Либре со своето долгодишно искуство во делот на веб технологии, преноси во живо и промоција на туризмот. Сите заинтересирани може слободно да не контактираат за користење или имплементирање на нашите услуги.
Охрид Инфо е приватен портал по идеја на Стојан Стојановски кој стартува наскоро.

Строго се забранува неовластено користење или каква било злоупотреба на системот или негов дел без претходна дозвола од 2S Studio.


Споделете со вашите пријатели!