Од денеска Комлексот Св. Наум со Метео Станица и Камера во живо


Комплексот Св. Наум за прв пат во својата историја добива самостојна метео станица и камера во живо.

 

Пред повеќе од една година во Охрид се започна со самоиницијативен проект од страна на Стојан Стојановски и Куба Либре т.е. поставување на метео систем и следење информации во живо кои го поседуваат сите светски туристички места и се атрактивни.

Се работи за систем кој во живо чита информации за температура, брзина и правец на Ветар, врнежи, притисок, ув индекс (во Охрид и за прв пат отчитување на квалитет на воздух)

Дел од овие податоци одат во живо заедно со камера на you tube, додека сите останати заедно се складираат и се креира една точна база на податоци за време во Охрид а сега и за Св. Наум.

Со Благослов од отецот Нектариј во Св. Наум од денеска официјално започнува со работа овој систем кој ќе биде достапен на веб страната од Куба Либре www.cubalibre.mk и YouTube.

Така што секој заинтересиран за временската состојба и моментална глетка во Св. Наум ќе може во секое време да се информира.

Системот го изработува Стојан Стојановски кој најави дека ова е само почеток на тоа што е во план како дел од туристички инфо портал “Охрид Инфо” кој го гради во фази по своја самоиницијатива и за кој има многу идеи, но како што изјави тој пак се се сведува на едно: Се ќе зависи од тоа колку Охриѓани ќе сакаат да го видат Охрид поблиску како светските дестинации, а во моментов сме многу далеку во многу категории, бидејќи како и ова така и се што се работи за Охрид од фото, видео и сл. самоиницијативно а заинтерсираноста е многу мала.

Ohrid Info


Споделете со вашите пријатели!