Отворен луксузниот хотел Unique Resort & Spa


Од вечерва туристичката понуда на Охрид е збогатена со уште еден модерен сместувачки капацитет. На свечен начин е отворен новоизградениот хотел „Unique Resort & Spa“, кој се наоѓа во самиот град, во непосредна близина на Кејот на Охридското Езеро.

Хотелот располага со 130 просторни соби, со модерен ентериер и пријатен амбиент, додека за гастрономската понуда ќе бидат задолжени готвачи со богато искуство.

Хотелот располага и со модерен спа-центар, фитнес-сала, надворшен базен како и целосно опремени конференциски сали за организирање најразлични настани. Хотелот исто така се наоѓа до центарот за спорт Билјанини извори а во својата понуда ќе го вметне и рекративниот дел

На најгорниот кат на објектот се наоѓа летна тераса со прекрасен поглед на Охридското Езеро која ќе биде отворена следната година, а хотелот располага и со сопствен паркинг.


Споделете со вашите пријатели!