Охридско Астрономско Друштво 16 години број 1 промотор на Охрид во светските медиуми


Охридско Астрономско Друштво 16 години број 1 промотор на Охрид во светските медиуми.

Минатиот викенд Охридското Астрономско Друштво ја престави новата веб страна и новото лого, после првата која беше изработена во 2006 година.

Стојан Стојановски како основач на Астрономско Друштво објави на својот профил:

16 години Астрономска Култура во Охрид и МК, 16 години континуиран и број 1 промотор на Охрид во светот.

Денеска официјално ја пуштаме новата веб страна на Охридското Астрономско Друштво изработена од 2С Студио.

Го формиравме во 2004 година како деца кои ги интересираше Астрономијата и Астрофотографијата каде за брзо време веќе бевме на број еден сајтовите во светот кои во тоа време месечно броеја и над 30 милиони посети.

Со тоа испишавме една долга историја каде докажавме дека иако многу мали, многу ноќи неспиени, сепак посветеноста и вистинската љубов кон работите не однесе на врвот.

Денеска може да се пофалиме со многу успешни фотографии во делот на општата астрономија, многу активности и висок рејтинг во светот.

Со тоа не само ние, туку низ фотографиите го запознавме и светот со тоа какви можности нуди Македонија поточно Охрид кој никогаш не беше изоставен. И покрај премногу негативни стории низ годините од нашата земја и Охрид, најдовме начин да ја разбиееме таа монотонија во светските број еден медиуми и да покажиме дека има позитивни форми на култура, посветеност и квалитет.

Сепак за жал Охрид и Македонија иако покрај неколку објави и општо кажано кој сака да застане зад нас и помогне со донирање на инструметни за набљудување или фотографија, никој никогаш не помогнал.

Сепак тоа денес а и во иднина нема да не спречи да застанеме, но нема да значи дека фокусот ќе е само на Охрид, промоција на Охрид и сл. како претходните 16 години. Мислам дека период од 16 години е и премногу за да некој не увиде што и кој и како допринесува за негово добро.

Следете не на нашата веб страна, бидете во тек, наскоро следува и делот за членови, активности, зачленување и курсеви.

Веб страната од ОАА може да ја погледнете на следниот линк: https://ohridastronomy.com/

 


Споделете со вашите пријатели!