Охрид полн со туристи во првиот ден од новата година (фото)


Кејот на Охридското езеро и чаршијата во првиот ден од новата година во Охрид полн со странски и домашни туристи.

Ако денеска бевте во Охрид ќе забележевте претежно гости од Балканот, а најмногу можеше да се забележат од нашите соседи од Србија и Бугарија. Сончевото и топло време за овој период од годината ги натера туристите а и охриѓани да излезат надвор и да уживаат во убавината на Охрид, особено прекрасниот залез кој го имаше овој прв ден од годината.

Во центарот го сретнавме и Данислав Илиев, туристички водич од Бугарската туристичка агенција Бохемија кој ни изјави дека тој лично веќе 10 години ја дочекува Нова Година во Охрид со своите групи. Преку агенцијата која работи во Охрид пристигнале 12 автобуси т.е. околу 600 туристи и околу 160 туристи со сопствен превоз, сите од Република Бугарија. Илиев изјави дека неговиот шеф Бајко Бајков кој е сопственик на Агенцијата Бохемија во Бугарија веќе 24 години редовно го промовира и го реди Охрид на понудата не само со за овој период туку и низ целата година.

За сите кои не бевте во можност да го посетите Охрид нашата екипа ви долови неколку фотографии од денешната атмосфера во Охрид.

Бобан П.
Фото: Стојан Стојановски 2С

 


Споделете со вашите пријатели!