Прва полна Месечина во 2020 и делумно затемнување во петок на 10 Јануари


Фановите на Астронмијата од целиот свет во петок на 10 јануари ќе може да излезат надвор и ја погледнат првата полна Месечина таканаречена Wolf Moon.

Дополнително вечерта ќе има делумно затемнување на Месечината, прво од ваков вид после 2017 година и прво од четирите кои ќе ги има во 2020 година.

Архивска фотографија на Стојан Стојановски од Септември 2016 година

Делумното затемнување се случува кога Месечината ќе помине низ надворешната сенка на Земјата, позната како penumbra и ја промашува потемната внатрешна сенка, позната како умбра. Како резултат, само дел од месечината се затемнува наспроти тоталното лунарно затемнување кога целата месечина ќе затемни пред да се претвори темноцрвена или ‘рѓосана портокалова боја.

Овој вид на лунарно затемнување може да биде суптилен и може да помине незабележано ако не се следи внимателно месечината. Не е потребен телескоп за да го види овој настан, но доколку погледнете низ телескоп може да имате подетален преглед на затемнувањето.

Охридското Астрономско Друштво доколку условите дозволат ќе се уклучи со видео во живо на својата фан страна и ќе го пренесува овој феномен.

https://www.facebook.com/astronomyohrid/


Споделете со вашите пријатели!