Астрономија

Следете во живо: Транзит на Меркур преку Сонцето во понеделник

Во понеделник, на 11ти ноември годинава, ќе имаме можност, до колку времето биде убаво и ведро, да видиме еден редок астрономски настан, а тоа е транзитот на планетата Меркур преку дискот на Сонцето. Тој настан не се случува така често. Претходниот се случи во 2016та, а следниот ќе биде дури во 2032ра година. Транзитот може да се случи само на внатрешните планети како што се Меркур и Венера. Кај Венера имаме транзити кои се случуваат во парови на секои осум години, па потоа ги нема преку 120 години, додека кај Меркур ти се почести и во едно столетие ги има 13 или 14.

Од Охрид, а речиси и во цела Македонија транзитот ќе отпочне во 13:35ч, но тешко дека ќе се види нешто се додека Меркур со целиот свој диск навлезе во дискот на Сонцето, а тоа ќе биде околу 2 минути подоцна. Целиот настан ние би требало да го гледаме додека не зајде Сонцето –  околу 16:30ч. До колку времето биде убаво, Охридското Астрономско Друштво ќе го емитува овој настан во живо на својата веб страница и фејсбук страницата

Фотографии од Охрид од транзитот во 2016 год:

Текст: Астрономија.мк
Фото: Стојан Стојановски 2С / Астрономско Друштво Охрид

 

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред