Таверна Мрестилиште – Трпејца доби 360 виртуелна прошетка на Google Maps


Таверна Мрестилиште од денеска е достапна со високо квалитетни 360 панорами составени во една прошетка на светската мапа Google Maps.

Линк до прошетката: https://goo.gl/maps/UrPVm2YyxSX7K1Sq5

Низ 360 прошетката може да ја погледнете понудата и местоположбата на Таверна Мрестилиште која се наоѓа на брегот на Охридското Езеро во Трпејца или Македонското Сен Тропе.

Таверна Мрестилиште ќе работи и во текот на зимата, со што гостите ќе може да уживаат во топол зимски амбиент на едно од најубавите места на Охридското Езеро – Трпејца.

360 прошетката ја изработи Стојан Стојановски (2С Студио), со што ја одбележа 4 години од официјалното признание т.е. првиот верификуван фотограф за Google Street View од Македонија.

Ваквиот вид на промоција (виртуелна реалност) е доста популарен во светот бидејќи при пребарување на Google или на Google Maps првично се прикажува 360 турата, па фотографиите и инфото за локалот. Секако високо квалитетните тури со добра фотографија се секогаш попривлечни за секој потенцијален посетител.


Споделете со вашите пријатели!