Транзитот на Меркур низ фото и видео од Охрид


Денеска имавме можност да проследиме редок астрономски настан, транзит на планетата Меркур преку дискот на Сонцето. Во Охрид иако времето беше променливо, Охридското Астрономско Друштво настанот го пренесуваше во живо на YouTube и Facebook, а Стојан Стојановски направи фотографии на кои се гледа колку е мала планетата Меркур во споредба со нашето Сонце. Настанот можеше да се следи до 16 часот каде поради облачното време и залезот на сонцето, немаше услови да се погледне излегувањето на Меркур од Сончевиот диск.



Следниот ваков настан ќе биде дури во 2032 година. Следете ја фан страната на Охридското Астрономско Друштво доколку сакате да се инфомирате за астрономските настани.

https://www.facebook.com/astronomyohrid/


Споделете со вашите пријатели!