Фотографија од Охрид го скара Балканот на интернет


Уникатна ноќна фотографија од Охрид направена од страна на Стојан Стојановски, кој ја објави пред некој ден на неговата фан страна и достигна голема популарност и споделувања, денеска ја објави и познатата фејсбук/инстаграм страна Slavorum кои имаат над 1 милион следачи со наслов Macedonia Ohrid!!!

Насловот на фотографијата поттикна огромна дискусија од страна на Грци, Бугари, Срби и Албанци кои меѓусебе коментираат Македонија е Грчка, Охрид е Бугарски, Српски, Албански итн, но преовладуваат лајковите и коментарите за тоа дека фотографијата е прекрасна, Охрид е убав, би го посетиле итн
Во прилог фотографиите објавени на Slavorum и Стојан Стојановски


Споделете со вашите пријатели!