Охрид

Фото/Видео: Одлична забава и маски на 22-от по ред Карневал во Куратица

Весели, разиграни, распеани василичарите на карневалот во Куратица преку несекојдневни маски на сатиричен и крајно комичен начин вчера вечер исмеваа бројни ликови и случки. И на Курајчкиот карневал највпечатливи беа маските за политичките случувања и случајот „Рекет”. Продефилираа Катица Јанева, Боки 13-ка, курајчани тргнаа и на патот кон ЕУ. Маски имаше и од други градови од земјава.

Во извонредниот театар на отворено уживаа многубројните посетители, жители на селото, повратници од странство, но и гости од други градови во земјава. Домаќините ја зготвија и традиционалната каша-варенјца во чест на Василица.

Пред вчерашното дефиле претстоеше традиционалниот дел пренесуван од колено на колено, кој секогаш е на 13-ти јануари со палење на василичарскиот оган и зетот, невестата, бајачот, валегачот, музикантите и околу 300 учесници кои секој на свој начин маскирани ги посетија сите домаќинства во селото.

На Карневалот настапија познатите македонски изведувачи Влатко и Златко Миладински, Дамјан Стојановски и Дарко Стојаноски.

Ваквата автентичност во обичаите „Карневалот во Куратица“ веќе го вбројува меѓу позначајните во земјава, покрај струмичкиот и вевчанскиот. Жителите велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција која датира од далечната 1575 година.

Куратица имаше обезбедно Видео пренос во живо со цел Македонската дијаспора во светот да може да го следи овој настан а и со тоа и да остане на интернет целосна снимка од ваквата Македонска традиција.

Организаторите очекуваат дека со малку помош оваа манифестација може да биде вистински погодок за развој на етно-туризмот збогатен со чист воздух и природа кои ќе бидат бренд на туристичката мапа и понуда.

Целосната фото галерија погледнетеја на фан страната од Куратица

Текст: 24 вести
Фото: 2С Студио

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред