Фото: во Охрид започна приказната Ракометен турнир “5-ка за ракомет”


Сабота на 25.05.2019г. во спортско рекреативниот центар “Билјанини извори” се одржа ракометниот турнир “5-ка за ракомет”.

На турнирот учествуваа повеќе од 200 деца поделени во три категории: генерација 2008/2009 машки- 4 екипи, генерација 2008/2009 женски- 4 екипи и “мини ракомет” генерација 2010 и помлади, 8 екипи. На турнирот учествуваа екипите  “Преспа”-Ресен, “Гостивар”- Гостивар,  Асови”- Кичево; “Кале”-Кичево”, “Лихнид”- Охрид и секако домаќинот Вардар-Седмерец од Охрид.

Победник во генерација 2008/09 машки т.е првото место го освои Вардар Седмерец од Охрид, второто место го освои екипата на Асови од Кичево а третото место го освои екипата на Преспа од Ресен.

Во генерација 2008/09 женски победник беше екипата на Кале Кичево, второто место го освои екипата на Вардар-Седмерец Охрид, а третото место го освои екипата на Лихнид од Охрид.

Во мини ракомет победници беа сите деца учесници кои преку мини ракометот ги учат тајните на големиот ракомет. На сите учесници на ракометниот турнир им беа доделени пофалници за учество. Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиција затоа што нашите деца заслужуваат да растат здраво и да се градат како здрави и перспективни личности, а тоа може само преку спортот. Уште еднаш да се заблагодариме на Стојан 2С што ни овозможи за прв пат еден ваков ракометен турнир да биде пренесуван во живо, покриен со фотографија и на сите кои ни помогнаа за овој спектакл да биде како што учекувавме.

Со почит, Р.Ш. Вардар-Седмерец
         


Споделете со вашите пријатели!