Свет

15 000км со велосипед: Тргнаа од Berlin, поминаа низ Ohrid а сега се веќе во Beijing со една цел

Дечките од Берлин или Biking Borders пред скоро 9 месеции тргнаа со велосипеди со една цел, кревање на свест и собирање на донации за изградба на школо во Гватемала.


Овој месец пристигнаа во Beijing  (Пекинг, Кина), нивната крајна дестинација после 15 000км на велосипед а во исто време ја исполнија и својата цел со тоа што ги собраа потребните пари за изградба на школо за 1000 ученици кое е скоро при крај.


За време на нивното патување низ 20 земји се снимаше документарен филм за нивното патешествие, културата на народите и природните убавини, а една од тие 20 земји е и Македонија каде што најголем дел од времето се задржаа во Охрид.

Во Охрид се снимаше за потребите на документарниот филм на неколку локации т.е. Градиште, Галичица, Рача и центарот на градот во текот на ноември, минатата година. За тој дел помогна Стојан Стојановски 2С кој со задоволство излезе во пресрет да се снимат најдобрите моменти од природата што може да ги понуди во тој период Охрид.

Документарецот се очекува да се емитува на светските телевизии кои емитуваат ваков вид на програма како Нат Гео и сл. а со тоа во светскиот медиумиски простор Охрид ќе добие минутажа низ која ќе се промовираат дел од убавините што ги нуди за овој вид на хоби или спорт.

Фото: Инстаграм профил ББ https://www.instagram.com/bikingborders/   /Стојан Стојановски

Охрид Инфо

 

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред