3 земјотреси еден по еден во Албанија го стресија цел балкан


Утрово 3 земјотреси со епицентар во Јадранското море на самиот брег на Албанската ривиера го разбудија цел балкан. Според првични извори првиот земјотрес е регистиран утрово во 3:54ч со јачина од 6,4 степени, 3:59ч 5,1 степен а третиот во 4:03ч со јачина од 5.3 степени. Претходно имало неколку помали земјотреси со јачина од 2 до 4 степени.

Во Македонија заклучно и Охрид земјотресите се осетиле посилно, каде видно вознемирени граѓани по социјалните мрежи во моментов пишуваат дека за прв пат почувстувале земјотрес кој траел повеќе од 1 минута.

По коментарите на Европската сеизмолошка агенција земјотресот во 3:54ч е почувствуван со јак интензитет и во Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Грција и Бугарија.


Споделете со вашите пријатели!