2 фотографии на Стојан Стојановски избрани во топ 100 фотографии во светот за 2019


Најпосетената светска страна за Астрономија Space.com денеска ги објави топ 100 астрономски фотографии за 2019. На листата меѓу првите се најдоа 2 фотографии на Стојан Стојановски, фотографирани изминатото лето од метеорскиот дожд Персеиди.

Како што изјави Стојан, не е прв пат да се биде на врвот, со оглед на тоа што соработката со светските медиуми во делот Астрономија т.е. Space.com како што изјави Стојан трае од 2006 година, а повеќе од 8 години сме во топ 100 фотографии во светот.

Ова станува веќе традиција, афирмација и светска промоција за локациите и нашата држава кој се прикажуваат преку овој тип на фотографија, а тоа е само почетна искра преку која светот продолжува да се запознава подобро со убавините на нашата држава низ секојдневните фотографии што ги објавува Стојан на социјалните медиуми.

Фотографиите на Стојан Стојановски изминатите години може да се најдат и на најпознатите светски медиуми.
Линк: https://www.space.com/100-best-space-photos-2019.html


Споделете со вашите пријатели!