Комплексот Св. Наум за прв пат во својата историја добива самостојна метео станица и камера во живо.
Пред повеќе од една година во Охрид се започна со самоиницијативен проект од страна на Стојан Стојановски и Куба Либре т.е. поставување на метео систем и следење информации во живо кои го поседуваат сите светски туристички места и се атрактивни.
Се работи за систем кој во живо чита информации за температура, брзина и правец на Ветар, врнежи, притисок, ув индекс (во Охрид и за прв пат отчитување на квалитет на воздух)
Дел од овие податоци одат во живо заедно со камера на you tube, додека сите останати заедно се складираат и се креира една точна база на податоци за време во Охрид а сега и за Св. Наум.
Со Благослов од отецот Нектариј во Св. Наум од денеска официјално започнува со работа овој систем кој ќе биде достапен на веб страната од Куба Либре www.cubalibre.mk и YouTube.
Така што секој заинтересиран за временската состојба и моментална глетка во Св. Наум ќе може во секое време да се информира.
Системот го изработува Стојан Стојановски кој најави дека ова е само почеток на тоа што е во план како дел од туристички инфо портал “Охрид Инфо” кој го гради во фази по своја самоиницијатива и за кој има многу идеи, но како што изјави тој пак се се сведува на едно: Се ќе зависи од тоа колку Охриѓани ќе сакаат да го видат Охрид поблиску како светските дестинации, а во моментов сме многу далеку во многу категории, бидејќи како и ова така и се што се работи за Охрид од фото, видео и сл. самоиницијативно а заинтерсираноста е многу мала.
Ohrid Info
Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…
Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…
Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…
Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…
Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…
Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…