Охрид

LiveStream: Вечерва ќе изгрее Супер Розевата Месечина, гледајте во живо

За разлика од  „Super Snow Moon“ и „Super Worm Moon,“, „Super Pink Moon“ – технички кажано – ќе биде најголемата и најдобрата во 2020 година.

По тој повод Охридското Астрономско друштво и Стојан Стојановски ќе вршат директен пренос од изгревањето на Супер Месечината на Фејбук страната и Јутуб Каналот.

Кога да ја видите „Супер розова месечина“?
Најдобро за гледање на „Супер розовата месечина“ би било после изгрев од 18:25ч во вторник, 7 април 2020 година и следното утро на залез во среда, 8 април 2020 година.

Зошто да не ја пропуштате оваа супер месечина?

  • Ќе изгледа голема. Бидејќи Месечината е на хоризонтот, вашиот мозок ќе ја спореди со околината а поради тоа ќе изгледа поголема.
  • Ќе изгледа убаво. Кога Месечината ќе се издигне, ќе биде портокалова црвена од атмосферата на Земјата и местоположбата. Потоа ќе продолжи да се менува кон нешна портокалова, па бледо жолта т.е. ќе се менуваат повеќе нијанси во кратко време.

Откако ќе се издигне над хоризонтот, ќе биде бела, светла и скоро невозможно да ја набљудувате низ телескоп повеќе од неколку секунди.

Зошто се нарекува Супер Месечина?

Феномен на супер месечина се јавува кога Месечината ќе се приближи до Земјата во својата елипсовидна орбита додека е во „целосна“ фаза. Така изгледа малку поголема и посветла од вообичаеното. „Супер розовата месечина“ ќе биде оддалечена 356 907 км од Земјата на 7 април, што ќе биде поблиску од двете претходни полни месечини, а и од следната полна месечина (која исто така е класифицирана како супер месечина).

Охридско Астрономско Друштво

ОхридИнфо

Последни вести

Во живо: Live Web Camera – Куратица од Дедо Димо – Kuratica

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб…

2 години пред

Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Хотел Тино – Lake Ohrid

Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, најновата веб…

2 години пред

Водици Охрид 2022 – 6ти Традиционален пренос во живо Livestream.mk

Традицинално по 6ти пат, тимот на Livestream.mk (под сервис на 2С), по повод големиот христијански…

2 години пред