Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, во Куратица ја поставивме третата веб камера.
Мрежата и системот Веб Камери – Охрид Инфо е изработена како самоиницијатива на Стојан Стојановски, 2С Студио, заедно со помош на локални бизниси каде се потавени камерите.
Веб Камерата во Куратица, со поддршка од ресторанот Дедо Димо во Куратица, ја прикажува моменталната временска состојба во селото, кое е познато по летниот и зимскиот туризам во Охридскиот Регион.
Ваквите системи во светот се од големо значење за туризмот, а ги има во скоро секое туристичко место. Овој систем е прв во Македонија, а и во регионот, со 24 часа видео фид на јутуб.