Во живо: Live Web Camera Трпејца и Охридско Езеро од Таверна Мрестилиште – Trpejca


Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, четвртата веб камера во живо во Охридскиот регион ја поставивме во Трпејца.

Мрежата и системот Веб Камери – Охрид Инфо е изработена како самоиницијатива на Стојан Стојановски, 2С Студио, заедно со помош на локални бизниси каде се потавени камерите.

Веб Камерата во Трпејца е поставена во Таверна Мрестилиште, со поддршка од Таверна Мрестилиште, каде секој може виртуелно да ужива во поглед на Охридското Езеро према Запад и Северозапад.

Ваквите системи во светот се од големо значење за туризмот, а ги има во скоро секое туристичко место. Овој систем е прв во Македонија, а и во регионот, со 24 часа видео фид на јутуб.

Доколку сакате да го помогнете овој систем и да продолжиме со ширење, може да донирате на: paypal@stojanstojanovski.com


Споделете со вашите пријатели!