Младата DJ Jana Slayy од Охрид со свој настап меѓу 6 ДиЏеи на светскиот сајт BeatPort


19 годишната DJ Jana Slayy од Охрид со својот музички сет, кој беше снимен со видео на изворите во Св. Наум, беше одбран меѓу 6 ДиЏеи од светот на последниот натпревар од светскиот веб за ДиЏеи BeatPort.com и познатиот бренд Pioneer DJ.

DJ Jana Slayy се натпреваруваше на BeatPort со ДиЏеи од целиот свет, каде беше одбрана заедно со останати 5 други ДиЏеи од светот кои беа преставени со својот музички видео сет на официјалниот пренос во живо како After Party кој одеше на каналите од BeatPort.com.

ДиЏеј Видео сетот на DJ Jana Slayy додека траеше преносот во живо беше пречекан со многу позитивни коментари, како за начинот на пуштање на музиката од страна на младата диџејка, така и за локацијата и видеото со кое беше прикажан 20 минутниот сет. Овој успех на DJ Jana Slayy и тимот која стои зад неа е пред се и успех т.е. промоција и за Охридскиот регион во комбинација со промоција на природни богатства и промоција на млади музички артисти.

Поддршката за изгледот на сцената, снимањето и монтажата на сетот беше од страна на Стојан Стојановски 2С, а ресторан Острово се погрижи да сето тоа се докомплетира и биде во склоп на убавината со која располагаат изворите на Црни Дрим и овој регион од Охридското Езеро.

За крај DJ Jana Slayy ни изјави: Многу сум среќна што бев избрана на подиумот и што учествував во ова одлично искуство! Се надеваме дека авантурата продолжува по овој пат и наскоро ќе може да гледате од мене се почесто вакви диџеј сетови зачинети со позитивна енергија и убавините кои ги поседуваме во нашиот регион, а со тоа да му прикажеме и на светот дека постојат и кај нас надежни млади уметници.

Ohrid Info / BeatPort / DJJanaSlayy / Stojan 2S / Nikola Risteski

 

 


Споделете со вашите пријатели!