Во живо: Live Web Camera Охрид и Охридско Езеро од Cuba Libre – Ohrid


Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, првата веб камера, воедно и систем со преглед во живо на временска прогноза и квалитет на воздух го поставивме во Куба Либре Охрид, со поглед на запад на Охридското Езеро и Охрид.

Мрежата и системот Веб Камери – Охрид Инфо е изработена како самоиницијатива на Стојан Стојановски, 2С Студио, заедно со помош на локални бизниси каде се потавени камерите.

Веб Камерата во Куба Либре во соработка со Куба Либре ја поставивме во 2018 година, каде подоцна ја надоградивме и со квалитет на воздух и метео станица. Оваа веб камера во првите 6 месеци достигна гледност од над 250 000 пати. Денеска брои над милион, а и низ периодот им служи и на бродарите и рибарите за преглед на времето.

Ваквите системи во светот се од големо значење за туризмот, а ги има во скоро секое туристичко место. Овој систем е прв во Македонија, а и во регионот, со 24 часа видео фид на јутуб.

Доколку сакате да го помогнете овој систем и да продолжиме со ширење, може да донирате на: paypal@stojanstojanovski.com


Споделете со вашите пријатели!