Видеото кое го качи туризмот на Галичица на друго ниво


Се работи за видео снимано на денешен датум пред 1 година по самоиницијатива на екипа составена од Ски Македонија и 2С Студио кое беше задолжено за снимањето.

Снимано во еден ден, во тешки услови каде локациите се недостапни со возило за пренос на опремата и сл, видеото ја прикажува зимската убавина со која располага националниот парк, можноста за зимски авантуристички туризам и уникатниот залез со езерото кој може да се долови само тука.

Видеото во изминатиот период придонесе голема заинтересираност на глобално ниво за посета на националниот парк, а воедно дечките во меѓу време се повеќе пати директно контактирани од фрирајдери од целиот свет за посета и снимање на оваа локација.

Некои од нив веќе и го посетиле паркот, а со тоа и Охрид, а последните информации говорат дека викендов имаме посетител од САД кој на мапата на фрирајд ја ставил Галичица.

Од 2С Студио и Ски Македонија ни најавија дека работат на нови проекти и промоција на зимските спортови во Охрид а и во Македонија иако не се помогнати од ниедна страна сега за сега и покрај тоа што огромни средства се одливаат за овие делови, но како што велат тие, во погрешни раце.

Фотогалерија од моменти од снимањето:

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!