Во живо: Live Web Camera Св. Наум и Охридско Езеро – St. Naum


Како дел од мрежата на камери во живо од страна на Охрид Инфо, втората веб камера на Охридското крајбрежје ја поставивме во Св. Наум во соработка со Куба Либре.

Мрежата и системот Веб Камери – Охрид Инфо е изработена како самоиницијатива на Стојан Стојановски, 2С Студио, заедно со помош на локални бизниси каде се потавени камерите.

Веб Камерата во Св. Наум е со поглед кон Манастирот и северната страна на Охридското Езеро, заедно со Галичица. Оваа веб камера е една од најпосетуваните поради убавината на Манастирскиот Комплекс.

Ваквите системи во светот се од големо значење за туризмот, а ги има во скоро секое туристичко место. Овој систем е прв во Македонија, а и во регионот, со 24 часа видео фид на јутуб.

Доколку сакате да го помогнете овој систем и да продолжиме со ширење, може да донирате на: paypal@stojanstojanovski.com


Споделете со вашите пријатели!