262 800 фотографии во едногодишен 6 минутен тајм лапс од Охрид, за прв пат во Македонија


Со склопување на 262 800 фотографии во времетраење од 1 година, од 1 јануари 2020 до 1 јануари 2021, за прв пат во Македонија, Стојан Стојановски во соработка со Куба Либре презентираше ваков вид на видео тајмлапс.

На видеото имате можност да ги видите Охрид, Струга и Јабланица со поглед од Куба Либре во сите годишни времиња и различни периоди од денот. Како што изјави Стојан, видеото се работело од почетокот на 1 Јануари 2020 до денеска, каде конечно од денес е достапно до сите преку јутуб сервисот

Овај продукт е дел од заедничка соработка на Стојан Стојановски и плажата Куба либре,  Камери и Метео во живо, кој започна со работа во 2019 година.

До денеска оваа камера во живо има над 500 000 гледања од целиот свет и е од големо значење и добивка за туризмот. Како дополнителна причина за посети е и корона кризата бидејќи многу не може да дојдат и да уживаат во погледот на Охридското Езеро и Охрид, а и е доста посетувана од локалното население кое е на некаков начин поврзано со работа или хоби на Охридското езеро и им е од голема корист.

Моментално во Охридскиот регион функционираат 3 камери во живо и тоа:

Куба Либре Охрид (заедничка соработка на 2С и Куба Либре)

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=O0ct6KB8g9Q

Манастир Св. Наум, Охридско Езеро (заедничка соработка на 2С, Куба Либре и Манастирот во Св. Наум)

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=zTVawykzNPQ

с. Куратица (заедничка соработка на 2С и Дедо Димо)

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=T1Idhs3RdJs

Како што изјави Стојан, моментално се работи и на други камери на различни локации во Македонија да станат достапни, со следење на најновите светски трендови, и е отворен за соработка бидејќи се работи за комплексна работа (од опрема, интернет на локација, сервери за 24 часа видео сигнал и одржување), а интересот и добивката се опшествени.

“Освен камерите во Охридскиот регион кои станаа достапни и корисни за граѓаните, работиме и на Сервисот Ски Македонија, кој со заеднички сили на неколку страни, во Македонија а и во регионот, е веќе лидер со ваков вид на опшествени сервиси(камера и метео во живо) кои се од големо значење за љубителите на планините и алтернативниот туризам, а и за дијаспората, посебно во Корона кризата, каде може да уживаат виртуелно во убавините на нашата земја и сето тоа во живо.

Во моментов функционираат 11 камери на од повеќе планински точки, некои преку фото обновување на неколку секунди, кои во текот на 2021 ќе ги трансферираме во видео во живо, како што е веќе направивме со камерата на како Копанки, Битола.

Исто така добро е да се напомене дека минатата година за првпат регионот (балканот) доби 360 панорамски камери во живо, во Маврово и на Водно.

Пред се 360 камерите се исклучиво скапа инвестиција, како за набавка, така и за одржување, но и стандардните камери, но како што кажав погоре, со заеднички сили на неколку луѓе и компаниии, се ќе стане реалност, иако културата кај нас е многу ниска за значењето на овие опшествени сервиси. Според статистиката на посетеност на веб страната бележиме од ден во ден раст т.е. од 5 до 10 000 влезови, па се надеваме на поголем интерес за соработка во иднина и кревање на јавна свест за значењето на овие техологии кои се практикуваат денеска насекаде во светот.”

Охрид Инфо/Ски Македонија/Стојан Стојановски


Споделете со вашите пријатели!