Видео: Прва полна Месечина во 2021


Првата полна месечина во 2021 вечерва го осветли небото над Охрид, а членови на Охридското Астрономско Друштво традиционално го снимија овој изгрев на месечината.

Според старите раскажувања полната месечина во јануари често се нарекува „месечина на волкот“ поради волците кои порано завивале навечер околу овој период од годината, иако останува нејасно дали името потекнува од племе на домородните американци, како што обично прават имињата на месечината.

За разлика од 2020 година каде имавме 13 полни месечини, оваа година ќе бидат само 12, а следната е на 27 Февруари а се нарекува снежна месечина.


Споделете со вашите пријатели!