Да бидеме шампиони на Македонија – ФК Фер Плеј


467 Споделувања

По пет одиграни финалиња фудбалерчината на ФК Фер Плеј имаат само една мисла. Изминативе три викенди продолжија натпреварите од пролетниот дел на детската лига југозапад, предводена од Фудбалската Федерација на Македонија.

Во шесте возрасни конкуренции (генерации од 2006-та до 2011-та година) играчи на фудбалскиот клуб Фер Плеј покажа исклучителна фудбалска уметност така што резултираше со квалитетни фудбалски натпревари во кои што можеше да се види раскошниот талент на детските фудбалски генијалци.

Натпреварите продолжуваат и овој викенд на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид како и на градскиот стадион во Кичево. Во четвртото коло на екипата на Фер Плеј ќе ги одмери силите со следните противници:

  •  Фер Плеј – Кичево (ген. 2006)
  • Фер Плеј – Ла Масиа (ген. 2007)
  • Фер Плеј – Кораб (ген. 2008)
  • Фер Плеј – Ла Масиа (ген. 2009)
  • Фер Плеј – Караорман (ген.2010)

Лигата се игра до почетокот на месец мај кога ќе биде закажан регионалниот „плеј-оф“, додека пак на 24-ти и 26-ти Мај во Скопје ќе биде државната завршница на која што за првак на Македонија ќе се борат најдобрите регионални екипи од цела Македонија.

Вреди да се каже дека за ФК Фер Плеј, прекратен вицешампион на Македонија во детски фудбал и чест добитник на индивидуалните државни поединечни награди, амбициите и оваа година се големото финале и борбата за првак на Македонија барем во една од конкуренциите!


Споделете со вашите пријатели!

467 Споделувања