Етно ресторан Дедо Димо го слави својот прв роденден


589 Споделувања

Утре 27.12.2018(четврток) Етно ресторанот Дедо Димо кој се наоѓа на 20 километри од Охрид во с. Куратица ќе го прослави својот прв роденден. По овој повод ресторанот нуди 10% попуст на целокупното мени во текот на овој ден.
Сместен во прекрасната природа на селото Куратица, овој ресторан привлече внимание на многубројни гости од земјата и странство а од самото отворање пишува успешна приказна во руралниот туризам во околината на Охрид.

Вкусната македонска традиционална храна, прекрасното уживање во живописната природа, јавање магариња, авантури со џипови се само дел од причините да се посети ова село.
По повод новогодишните празници, ресторанот ќе има жива свирка секоја вечер од 20 часот, почнувајќи од утре 27.12.2018 до 01.01.2019год.
Предновогодишните и новогодишните менија се веќе објавени на Facebook страната на ресторанот.


Споделете со вашите пријатели!

589 Споделувања