Најава: Пренос во живо – Водици 2019 Охрид


1.8k Споделувања

За сите кои не можат да присуствуваат на овој голем христијански празник 2С Студио со помош на своите соработници и приватни партнери им овозможува 3та година по ред директен видео пренос од Водици Охрид 2019.

Како што изјави Стојан Стојановски, иницијатор и реализатор на видео преносот заедно со својата екипа и оваа година им е предизвик да го доближат светот низ најновите технологии во Охрид. Преносот би се реализирал со неколку камери од повеќе агли за гледачите да имаат комплетна слика на овој голем настан. Директното вклучување би било околу 9 и 15 часот во Сабота. Преносот ќе може да го следите на јутуб каналот од 2С Студио или фан страните: Стојан Стојановски, Охрид Инфо, Македонија-Македонија итн.

Доколку има заинтересирани компании што сакаат да помогнат во реализација на овој пренос, 2С Студио нуди неколку видови на пакети за промовирање. Со помагање на овој настан, се помага во продолжување на Стојан Стојановски и екипата во успешна промоција на Охрид.


Споделете со вашите пријатели!

1.8k Споделувања