Велигден во Живо од Бигорски Манастир во соработка со 2С Студио


Од добро познатите причини се откажани голем број настани кои бројат илјадници луѓе ширум светот, вклучувајќи и го Воскресението Христово (Пасха) за кое не може да се присуствува во Светите Храмови поради новонастанатата ситуација, односно пандемијата и мерките за кои треба да се придржуваме.

Поради тоа, Бигорскиот Манастир во соработка со 2С Студио ќе овозможат директен пренос во живо во Петок и Сабота (Велигден) и Недела. Преносот ќе може да го следите во живо на фејсбук страната на Бигорски Манастир, како и на Јутуб Каналот на Бигорски Манастир.

 


Споделете со вашите пријатели!