Видео livestream: Пакетчина за сите дечиња, успешна мисија на Вик Какаротски


Новогодишната акција на Охридскиот Јутубер Вик Какаротски (Wik Kakarotski) усрејќи над 1000 дечиња пред новогодишната ноќ.

10 дена пред нова година акцијата започна со прибирање на донации во вид на пакетчина од Охриѓани и Охридските приватни компании, а заврши неколку дена пред новата година со доделување на истите, пред се на социјалните случаи, па децата на докторите од Охридскиот регион, и заврши со прошетка низ Охрид каде таму кај што ќе сретнеше дете му беше дадено пакетче.

Оваа акција беше пренесувана со видео во живо, и сето тоа во движење од страна на Стојан Стојановски 2С.

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!