Видео: Охрид како од Бајките во видео издание кое што не сте го виделе до сега


Во петокот Стојан Стојановски на својата фан страна на Фејсбук пушти едно минутно видео со досега необјавени кадри од снегот во Охрид кој падна на 9 Јануари 2019 година.

Видеото кое за 24 часа брои скоро 100 000 прегледи, стана најпопуларно помеѓу љубителите на Охрид, претежно странците кои Охрид го посетиле во летен период или го имаат видено само во летно издание па посакуваат да дојдат и да го видат во зимско снежно издание.

Како и ова видео, така и целата друга содржина на социјалните мрежи од Стојан Стојановски е лично изработена од него по негова иницијатива без никаква поддршка или финансии од втора страна.
Уживајте во видеото од снежен Охрид:

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!