Започнува најголемиот спортски настан во Охрид, 9-то издание на Фер Плеј Куп 2019


Утре (Петок 23 Август 2019) започнува по 9ти пат најголемиот спортски настан во Охрид,  9-от интернационален турнир во фудбал за млади генерации Фер Плеј Куп 2019.

Над 1500 деца или 120 екипи од целиот Балкан во 3 дена ќе изиграат повеќе од 200 натпревари на терените во Билјанини Извори. Од Фер Плеј најавуваат добра организација и квалитетен фудбал. Влезот на трибините е слободен така што секој љубител на фудбалот може слободно да го следи овој турнир.

Освен фудбал, учесниците на турнирот во тридневната посета на Охрид ќе уживаат во убавините на Охридското Езеро и градот Охрид.

За време на турнирот освен официјалните хаштагови за социјалните мрежи како #ferplejkup и сл., организаторот го воведува и ќе го форсира хаштагот #savelakeohrid за кревање на свеста и заштита на Охридското Езеро. Секако по самоиницијатива од страна на организаторот и помагателот на турнирот 2С.

Помагателот Стојан Стојановски по 9ти пат и оваа година се погрижи сите родители кои нема да може да присуствуваат во Охрид да ги следат резултатите во живо на веб страната www.ferplejkup.com
Финалината од турнирот и одредени натпревари исто така ќе бидат пренесувани во живо на фан страната, а секако и многу фотографии од 3те дена.

Организатор на Фер Плеј Куп е фудбалската школа за млади генерации Фер Плеј од Охрид која по 9ти пат го организира овој турнир.

Интересен факт е што турнирот е оставен сам на себе, не е ослободен од никакви давачки и не е помогнат од никаков вид на институции или приватни установи иако во градот Охрид во период од 3 дена ќе донесе над 4000 ноќевања. Како што изјави организаторот секој има свое право каде ќе престојува, јаде, пие или ужива во Охрид. Наше е да го организираме и пречекаме во најдобар ред нашите гости. 


Споделете со вашите пријатели!