Следете квалитет на воздухот во Охрид овозможено од Куба Либре и Охрид Инфо


После летната пауза ја активираме повторно мерната станица за квалитет на воздухот која е дел од проектот Метео и Камера (ОхридИнфо) во живо овозможен од Куба Либре по идеја и реализација на Стојан Стојановски.

На екранот додадовме информации за пм2.5 и пм10 честичките каде Охриѓани а и сите останати ќе може да се информираат во живо.

Информациите се достапни преку You Tube Live Camera на веб страната од Куба Либре www.cubalibre.mk каде освен информации во живо од Охрид, активни се и метео и камера во живо од Св Наум.

За потсетување овој проект се реализира пред повеќе од 1 година и е прв и единствен од ваков тип во Македонија.


Споделете со вашите пријатели!