Со трчање од Св. Наум до Охрид – Игор Јакимовски го најави 33-от Меѓународен атлетски маратон Охрид 2019


Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и оваа година продолжува со традицијата Атлетски Маратон Св.Наум – Охрид кој во континуитет успешно се одржуваше од 1976 до 1993 година. На патеката од 30км ќе се трча во категорија мажи и жени од сите возрасти, а пријавата е во тек на нивната веб страна: www.iamo.mk

До 1993 година маратонот се одржувал во чест на ослободувањето на град Охрид (7ми ноември), а од 2004 па до оваа 2019 година Охридскиот Атлетски Маратон се одржува по повод денот на осамостојувањето на Република Македонија, 8-ми Септември. Одржувањето на Маратонот од година во година е знак прашалник поради незаинтересираноста на институциите за поддршка но одборот не се откажува.

Рекордот на патеката за мажи го држи Абел Кибет Роп од Кенија со резултат 1:34:58 постигнат во 2016 година, додека рекордот на патеката за жени го држи Ребека Џепчирчир исто така од Кенија со резултат 1:48:12 постигнат во 2015 година.

Со најголем број на учества на маратоните е Славко Симоновски со вкупно 18 Учества до 2018 година. Најтрофеен Маратонец е Живко Стојчески со 5 освоени први места.

Маратонот за прв пат во својата историја во 2018 година доби целосен пренос во живо помогнат само од 2С Студио и Инфел каде реализираа со 5 камери иако патеката од 30 км по која се трча е тешко пристапна со сигнал.

Охрид Инфо


Споделете со вашите пријатели!