Видео: Претставата „Балканска 3а/2“ на Охридскиот театар преку YouTube


Народниот театар од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ на граѓаните ќе им овозможат да ги следат нивните театарски претстави, како дел од активностите да им се овозможи на вљубениците во театарот да ужива и во време кога физички не е дозволено да се играат претстави поради коронавирусот.

На YouTube ќе може да се гледа претставата „Балканска 3а /2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева, а во изведба на актерите на Народен Театар – Охрид, запишана во 2019 година од страна на Стојан Стојановски 2С и волонтерите на www.livestream.mk

Од Центарот за култура „Григор Прличев“ во чии рамки работи и Охридскиот театар апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да не излегуваат од домовите без итни потреби.


Споделете со вашите пријатели!