Вечерва снег во Охрид а од утре поларни температури


49 Споделувања

Во теков на вечерва територијата на Македонија ќе започне поларниот циклон кој се најавуваше. Циклонот ќе започне од северозападните делови, а после полноќ ќе биде зафатена целата територија на Македонија.
Најголема снежна покривка се очекува во западните и јужните предели со висина од 10 сантиметри во пониските места и над 30 сантиметри во планиските предели. Во Охрид веќе започна да вее снег со помал интензитет но според прогнозата во текот на ноќта да се зголеми, а со тоа и би се формирала снежна покривка.

Во текот на утрешниот ден а и следните денови се очекуваат ниски дневни температури под нулата од – 2 до -5, а ноќните и до -15. Се информираат пешачите и возачите да бидат претпазливи поради формирање на голомразица.

Прогноза за Охрид во следните денови од метео станицата во Куба Либре каде може да следете видео во живо на: cubalibre.ohridinfo.com

М.Н.

 


Споделете со вашите пријатели!

49 Споделувања